Зимзелени садници украдени од паркот Скулптура во Гази Баба

12 зимзелени садници се украдени од паркот Скулптура, на 16-та Македонска Бригада во општина Гази Баба, информираа од ЈП „Паркови и зеленило“. 

На оваа локација вчера комплетно заврши уредувањето на новата површина од 4200 м2, која вклучува нов тревник, млади листопадни и зимзелени садници и систем за полевање за одржување на целото зеленило.

Од претпријатето велат дека ова е уште еден доказ за постапките на одреден број несовесни граѓани.

-Искрено се надеваме дека веќе нема да има потреба од ваквите апели и дека зелените површини во градот ќе бидат места за сечија радост и уживање, посочија надлежните.