Зимските служби на општина Центар работат на расчистување на патеките и улиците на територија на општината.

– Со фрлени над 60 тони сол по улиците и пешачките патеки, лицата задолжени за одржување на хигиената ги расчистуваат снежните наноси, а улиците се чистат со дополнителни 5 возила-машини за чистење снег – информира градоначалникот Саша Богдановиќ.