Зимски замор: Како да се справиме?

Нерасположението и заморот се често присутни за време на зимските месеци. Овие симптоми се јавуваат во текот на зимата, кога деновите се кратки. 

Зимскиот замор е проследен со губиток на волја, анксиозност, почеста потреба за спиење и тешко будење. Тука се јавува и проблем со концентрација, како и намалена општа виталност.

Кога деновите се пократки и има помалку сонце, телото произведува повеќе мелатонин, хормон кој предизвикува поспаност. Ова е особено присутно кај постарите личности, како  и кај оние кои работат во простории со малку дневна светлина. 

Начините на коишто можете да си помогнете се следните:

Пуштете светлина во просторијата

Прошетајте се после ручекот

Наспијте се добро

Редовно вежбајте

Релаксирајте се

Хранете се поздраво