Зимски мелем од 4 состојки: го јакне имунитетот, дава енергија

Овој пијалок е одличен за есенските и зимските денови кога се почесто се соочуваме со настинки. 

Потребни состојки:

Свеж ѓумбир

1 литар вода

3 мали лажици домашен мед

1 лимон

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Ставете го во тенџере и прелијте со вода, па варете го околу 15-20 минути на умерена температура. Потоа, тргнете го од оган и оставете да отстои околу 5 минути. 

Одвојте го ѓумбирот од течноста, засладете со мед и додајте лимон. Пијте ги додека е топло.

Овој мелем е одличен:

  1. Му дава сила на организмот и го јакне имунитеотт

  2. Го забрзува опоравувањето од настинки и вируси

  3. Ја смирува мачнината и нервозата во желудникот

  4. Го смирува нервниот систем

  5. Ве стоплува и ја поттикнува циркулацијата

  6. Го поттикнува варењето, работата на цревата и ја намалува надуеноста