Зимски чај од шипки, мандарини и цимет

Дали сте знаеле колку е здрав  и корисен чајот од шипки?

Photo by Manki Kim on Unsplash

Тој содржи витамин А, Ц, Б, Д и К, како и бета-каротен, ликопрен, органска киселина, танин и други значајни состојки.

За што е корисен овој чај?

Лечење од настинки и грип (поради високото количество витамин Ц)

Проблеми со анемија

Намалување на заморот и омалаксаноста

Проблеми со дијареа

Јакнење на имунитетот

Лечење кашлица

Ублажување на реума

Исфрлање на вишокот течности

Намалување на нивото на холестерол

Воспаленија на црниот дроб

Прочистување на крвта

Воспаленија на црниот дроб

Проблеми со мочните патишта

Подмладување на организмот

Нега на кожата

Подготовка

Начинот на подготовка на овој чај е многу лесен и едноставен. Чајот најчесто се прави од исушени или свежи плодови кои треба да ги варите во вода 10-15 минути.

Но, доколку сакате да му додадете и малку убав празничен вкус и мирис, ви препорачуваме во варењето да додадете 1 стапче цимет, 1 мандарина исечкана на кругови и малку морско оревче. На крајот, засладете со мед.