Зимската служба на општина Центар на терен: Се чисти снегот

Зимската служба и службите за одржување на хигиената на Општина Центар од рано утринава се на терен и го расчистуваат наврнатиот снег на улиците, тротоарите и јавните површини во општината.

Особено внимание се посветува на критичните места, во подножјето на планината Водно.

Со 5 специјални возила за расчистување на снег се чистат коловозите, јавните површини, тротоарите, велосипедските и пешачките патеки, а на улиците фрлени се и 44 тони сол за превенција од замрзнување на коловозот.

Се расчистуваат сите улици на територија на општината, а општината е во постојана комуникација со граѓаните, со цел навремено и ефикасно делување на терен. Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во текот на денот, а жителите можат да пријавуваат снежни наноси на телефонскиот број 076 381 673, велат од општината.