Зимска облека на распродажба - закана од шуга и други заразни болести

Во тек е распродажбата на зимската облека низ шопинг моловите во градот. Пред нешто да купиме задолжително пробуваме да видиме како тоа парче облека ни стои, но дали сме свесни дека таа облека ако не ја испереме може да добиеме инфекција?

-Во нашиот бутик, купувачите ако ја сочуваат фискалната сметка како и етикетата на производот имаат можност во рок од 10 дена да ја вратат.Истото парче облека се става на полица за потворно да се продаде, вели една продавачка од скопски бутик.

Без оглед на тоа што сме ја купиле во продавница, таа облека не е чиста.Најновотор истражување врзано за чистотата на облеката покажа шокантни резултати. На парчињата облека кои ги тестирале, вклучувајќи и јакни, пронајдени се микроби кои инаку им припаѓаат на интимните делови на телото. Ако не ја исперете облеката по купувањето, можете да добиете инфекција.

-Имам премногу чуствителна кожа, пред некое време си купив кошула.Не стигнав да ја исперам итно требаше да одам на еден прием, за рок од половина час почна да ме чеша кожата, за кратко време ми излезе црвенило, вели Марија од Скопје.

Микробите можат да се задржат на облеката и до неколку недели, па дури и месеци. Од облеката се пренесуваат на телото, а понатаму се шират, со што доведуваат до разни зарази.

Исто така, после шопингот исперете ја облеката, затоа што никогаш не сте сигурни колку луѓе претходно ја пробале.