Зимска интернационална изложба на кучиња во Скопје

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија е во подготовка на зимска интернационална изложба за сите раси на кучиња во Скопје. 

Изложбите ќе се одржат во два дена, на 9 и 10 декември 2017 година во Скопје. 

Судии кои се предвидени за настанот се: Аднан Уке, Цен Сутунг, Сашо Пешев, Миле Алексовски и Красимир Тодоров. 

Цена за учество на настанот е 1.500 денари за македонски излагачи, а 35 евра за странски излагачи. 

Искористете ја оваа можност, пријавете го својот миленик и уживајте во добрата организација.