Зимска бајка: Љуботен можеш само да го сакаш, зашто е врв-љубов (фото)

Искачувањето на планински врв (не освојување, бидјеќи само планината може да те освои а ти неа не) е патување на кое попат му се менуваат различни слики како на филм во фотоапарат.

Такво некакво беше искачувањето на врв Љуботен, организирано од планинарското – еколошкодруштво “Guardians of Nature – I love hiking group Macedonia”.

Иницијативата, како и за многу други искачувања на планини е многу едноставна „излези и диши“. И како што ќе каже еден мој пријател „почнете на планина да одите, никој не ве тера на Еверест да се качувате“. И ова е целосната вистина.

Турата на Љуботен беше таква, тие што не сакаа да го качат врвот, и беа дојдени за прослава на љубовта и виното по повод двата празника Св.Трифун и Св. Валентин останаа во Вила Љуботен.

Од Старо Село до Вила Љуботен се оди два часа низ прекрасен шумски предел. Имајќи предвид дека дождот од селото, полека нагоре се претвораше во снег, целото патешествие го претвори во амбиент на зимска бајка.

Фото: Емагазин