Зимница се купува во маркетите - домаќинките веќе не се заморуваат со правење на ајвар и лутеница

Ако во минатото есента служеше за правење на зимница, особено на ајвар, од година на година ова повеќе не важи. Трендот за правење на ајвар кај домаќинките избледува, а истиот го заменуваат со оној во маркетите.

Недостаток на време или пак недостаток на желба, се едни од причините зошто домаќинките повеќе не сакаат да се заморуваат со печење, лупење на пиперки.

“Зошто да се мачиме со денови кога секој вид на зимница има по маркетите”, се најчестите изговори.

За оваа реагираат и продавачите и производителите кои велат дека побарувачката особено на зеленчукот, кој е потребен за правење на зимница е намалена и секоја година се намалува се повеќе.