ЗИМНИЦА: Лековит рецепт за кисела зелка

На големо се почнува со спремање на зимница за зимото кое ни следи. Веројатно не сте знаеле дека киселата зелка има бројни лековити својства, па поради таа причина ви го пренесуваме рецептот за кисела зелка.

Една мала порција кисела зелка ги задоволува дневните потреби на организмот за витамин Ц и со тоа спречува стареење на организмот, бидејќи витаминот Ц е антиоксиданс кој го забавува стареењето.

Влијае на подобрување на расположението и го намалува стресот, помага во лекувањето на црниот дроб, го зајакнува имунитетот и му оди во прилог на цревниот тракт бидејќи е богата со пробиотички култури. Тука нормално е и расолницата, добро познат лек против мамурлак.

Во продолжение прочитајте како се кисели зелка.

За оваа подготовка ви е потребно:

30 кг зелка

2 кг сол

вода по потреба

Зрела зелка со поцврсти главици, исчистете ја од оштетените листови и со остар нож издлабете го коренот, како на сликата.

Направената длабнатина исполнете ја со сол.

На дното на бочвата/бурето, ставете сол и над тоа ставајте ги посолените главици зелка, во просторот помеѓу главиците ставете четвртини од зелка или по желба уште помали делови.