Зимава во Скопје останаа во живот само 16 палми

Од засадените 138 палми во Скопје, во моментот се останати само 16, вели директорот директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча, во интервју за 24инфо

Да, постојат и во моментот се останати уште 16 палми коишто се наоѓаат на кејот на Вардар. Како јавно претпријатие во соработка со Град Скопје, низ секоја зелена површина ќе засадиме цвеќиња и дрвја коишто ќе можат да се адаптираат на климатските промени и на нашето поднебје, додава тој.