Зимата доаѓа од викендов

Сончевите денови, на моменти пролетни, остануваат зад нас. Северниот ветер што попладнево се очекува во Скопје, ќе го расчисти барем за кратко, загадениот воздух, но и ќе донесе студ. Зимата веќе е на прагот.

Утринските температури ќе се спуштат до минус два а дневните до 16 степени.

Викендот ќе се случи поголемиот пад на температурите. Минималните ќе се спуштат до -8 со евентуално поместување до 1степен целзиусов, додека на планинските места пак ќе се спушти и до -10. Максималните дневни ќе се движат од 5 до 14 степени. Токму заради ваквата температурна вредност на планинските делови се очекува и снег од викендов.