Зидан го отпиша Португалецот од Суперкупот во Скопје

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан порача дека Кристијано Роналдо ќе почне да тренира со полна пареа дури на 5. август со што практично го отпиша Португалецот од Суперкупот во Скопје.

Зинедин Зидан се појави на пресконференција во пресрет на последниот натпревар на Реал Мадрид на турнејата во САД.

Неизбежна тема беше Кристијано Роналдо, кој вчера се појави пред суд и почетокот на процесот во кој Португалецот е обвинет дека затаил данок од 14,7 милиони евра.

Французинот не сакаше да говори многу на оваа тема и само порача дека Роналдо се враќа на тренинг на 5 август со што практично го оптиша од Суперкупот во Скопје.

„Тој е на одмор и е спокоен“ – вели тренерот на Реал. „На 5. август ќе биде со нас, ќе почне да тренира и се надевам дека потоа нема да разговараме повеќе на оваа тема“.

„Мислам дека она што се случи нема многу да влијае врз него, тој сака одново да се врати на терените и да игра фудбал. Подготвен е да има уште една одлична сезона“.