Зибери предупреди: Граѓанин земал брз кредит од 9.000 денари, па морал да врати 75.752 денари

Народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Извештајот за 2022 година кажа дека граѓаните често земаат брзи кредити, а притоа не се свесни во што се впуштаат.

Тој притоа посочи пример за земен брз кредит од 9.000 денари, граѓанин, кој поднел претставка кај Народниот правобранител, бил принуден да плати сума за осум пати поголема од главниот долг.

-За да има јавноста јасна престава за што зборувам ќе илустритам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнење со негова исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат други огромни трошоци. Така за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846, денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомената 5.900, денари долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума за осум пати поголема од главнит долг, рече Зибери.