ЖРК Вардар во обид по четврти пат да избори настап на Ф4

Ракометарките на Вардар денес го играат реванш натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Митјиланд, каде ќе бараат пласман на „Фајнал Фор“ турнирот во Будимпешта.

На првиот натпревар во Данска македонскиот првак победи со 28:26, па сега треба само да го потврди својот квалитет, и по четврти пат да се најде меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот и 30 минути, ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Покрај овој дуел денеска се играат и преостанатите три реванши од четвртфиналната фаза. Двојките се:

Ференцварош – ЦСМ Букурешт (25:30 прв натпревар),

Ларвик – Будуќност (17:31) и

Ѓер – Мец (31:32).