Жрепка за новата фудбалска сезона во Македонија

За денеска точно напладне (12 часот) во „Куќата на фудбалот’’, односно просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе се одржи извлекување на паровите за следната натпреварувачка сезона, 2016/2017 година.

Во Првата лига, титулата ќе ја брани Вардар, а како и минатата година главни конкуренти се очекува да му бидат екипите на Шкендија и Работнички, а во трката за врвот се очекува да се прикчучи и Силекс.

По повеќегодишна пауза во прволигашкото друштво се врака прилепска Победа, а повратници во Првата лига се и екипите на Македонија Ѓорче Петров и Пелистер. Списокот од 10-екипи во прволигашкото „друштво„ го заокружуваат, Брегалница, Ренова и Шкупи.

Покрај ждрепката за Првата ќе одржи и извлекувањето на паровите за Втората лига како и за Купот на Македонија.

ФФМ упати покана на сите учесници во натпреварувањата со свој претставник да бидат дел од извлекувањето.