Жонглерот од скопските улици

Живееме во тмурен, загаден град, исполнет со многу меланхолија и депресија. Но, на крстосницата помеѓу улиците „Московска“ и „Војвода Васил Чакаларов“ скоро секојдневно стои жонглер кој внесува среќа и позитивна енергија во животот на возачите кои поминуваат од тука.  

Вчера направивме краток разговор во кој ти откри дека по професија е дипломиран архитект, а  работи внатрешен дизајн. Жонглирањето му е хоби со кое го исполнува времето.

Повеќе фотографии од архитектот - жонглер може да видите во фотогалеријата тука