„Жолта сцена“ - простор со трибина кај некогашниот ресторан Езерце (фото)

Поставена е „Жолта сцена“ , мала архитектонско артистичка интервенција што ја креираа Радиус архитекти, под покровителство на Општина Центар.

На местото на некогашниот ресторан „Езерце‘“ е направен простор со трибина, кој во летото што ни претстои може да биде искоритен на разни начини: за концерти, театарски претстави, детски перформанси, кино проекции. Отворен е за сите граѓани и за сите конструктивни и креативни идеи.