Животoт за едни мајка, за други маќеа - се започнало тивко, без најава и без никакви симптоми, ракот не бира години

Животот некогаш знае да те искачи толку многу восиоко, а некогаш да те спушти толку многу ниско. Некогаш се изгеда како да тече мед и млеко, а некогаш одеднаш се станува црно. Животот некогаш е мајка, некогаш маќеа.

Кристина е од Скопје и е млада мајка од 34 години, а ракот на дојката на почетокот не го ни приметувала. Се започнало тивко, без најава и без никакви симптоми.

Живеела здрав живот, постојано вежбала, уживала во љубовта, и еден ден отишла на годишен преглед каде веднаш ја дознала вистината за нејзиното здравје. Одлучила својата приказна да ја сподело на својот Инстаграм профил, за сите да ги предупреди дека се во опасност.

Под сликата каде што ја раскажала својата приказна Кристина изгледа сосема здраво, а всушност има три тумора на десната дојка, но тогаш тоа не го знаела.

“Долго време, живеев со оваа болест. Иронично, тие години се чувствував одлично. Бев здрава и се чувствував прекрасно. Никогаш претходно не сум се чувствувала подобро, посилно. Имав огромна самодоверба. Мојот брак никогаш не беше подобар, од тогаш, ги гледав и уживав во глетката како растат моите деца. Иако се чувствував добро, отидов на годишен преглед кај лекар. И тогаш ми открија нешто на дојката. Кристина како не примети дека имаш 3 тумора кои растат на твоите дојки. Како не си почувствувала дека ракот се шири? Зошто не се чувствуваше болно? Како можеше да бидеш така глупа? Си ги поставував овие прашања сама на себе, секојдневно.Но, не знаев и ништо не чувствував. Докторот да не ме прегледаше тогаш, и понатаму немав да бидам свесна за својата состојба. И понатаму ќе вежбав и ќе постигнував нови фитнес цели и ќе ја јадев својата веганска храна. И сето тоа додека ракот се развива во мене. Затоа проверете ги своите гради. Запознајте го своето тело. Ракот се случува. На сите. ”

Денеска Кристина прима терапија, а дури има и Инстаграм профил посветен за нејзината борба со ракот. Таму споделува се. Од губењето на коса, до набавување на перика. Но, ниту во еден случај не се откажува.