Животот во 21 век и официјално стана дијагноза

Дали постојано се чувствувате уморни? Исцрпени? Ако до 12 часот напладне посегнувате по третата шолја кафе, еве што може да биде причината.

Според експертите, модерниот живот станува толку стресен, што самиот по себе станува специфично нарушување кое се нарекува „синдром на 21 век“, кое е препознаето и од Светската здравствена организација.

„Синдромот на 21 век“ влијае на сите телесни функции, а се манифестира со општо чувство на слабост и умор и намален сексуален порив.

Експертите се сложуваат со тоа дека животот со ова забрзано темпо сигурно ќе остави последици по нашето здравје и дека тоа не е веќе само состојба, туку сериозно нарушување.

„Синдромот на 21 век“ или адреналната слабост се појавува заради високото ниво на хормонот кортизол кој засилено се произведува кога сме под стрес или кога сме возбудени, па така, луѓето чие животно темпо е секогаш брзо, го навикнуваат телото однапред да се подготвува за таква состојба.

Интересно е што ова нарушување почесто ги погодува жените отколку мажите. Рецесијата и светската економска криза исто така придонесе за ова, затоа што се повеќе луѓе проаѓаат низ стресен период заради долгови и финансиски проблеми.

Постојаното конзумирање кафе и шеќер е вообичаеното решение, но тоа само ја продлабочува оваа состојба.

Најголемиот проблем е што тешко се определува оваа состојба, а од друга страна, кога еднаш ќе се откријат и препознаат симптомите, релативно е лесно да се неутрализираат. Клучните работи за решавање на овие проблеми се добрата исхрана богата со житарици, рибино масло, овошје и зеленчук, како и внесување сумплементи како магнезиум, како и Б5, Б12 и Ц витамини.

Освен тоа, морате да се научите како да се одморите, да се опуштите и да се борите против стресот. Звучи откачено, но луѓето во денешно време изгледа дека навистина не знаат да се опуштат. Тоа веќе станува лукзуз и вештина која треба човек да ја научи.