Животот тече, ги менува пријателите – но најдобрите од нив остануваат

Како што тече животот, така се намалува и кругот на пријатели. Станува многу тешко да ги одржиме пријателствата, но и да најдеме вистински пријатели кои ќе бидат со нас во сите наши среќни, но и тажни моменти.

Пријателите се оние личности со кои можеме да бидеме свои, да зборуваме на заедничките теми, но и да се потпреме кога ни е потребна помош. Сите оние кои не успеваат да бидат дел од оваа категорија се само наши познаници, луѓе кои ги знаеме по име, лик и за кои знаеме по нешто. Но, вистинските пријателства се поинакви. Тие бараат напор, вложување и компромиси.

Растеме со различен круг на пријатели, голем број од нив. Но, со тек на време бројот се намалува и остануваат оние што нѐ прифаќаат и сакаат онакви какви што сме. Секој од нив е дел од нашиот живот, без маска. За деновите кога се чувствуваме тажни, обесхрабрени, неспокојни, тие се тука за нас.

Како што минува животот, приоритетите во нашиот живот се менуваат. Како бројот на чевли што сме го имале пред неколку години, сега е поинаков. Дел од луѓето со кои сме биле пријатели остануваат дел од нашиот живот, но за дел од нив животот ги филтрира и тие си заминуваат.

Не можеме да останеме пријатели со истите луѓе од средно училиште, факултет и од детството колку и да го сакаме тоа. Колку и да сакаме да ги задржиме во животот, дел од нив носат огромна тежина и мораме да ги пуштиме за да бидеме мирни и спокојни.

Вистинските, оние кои остануваат ја заслужуваат нашата безрезервна љубов. Со нив, создаваме спомени и со нив ќе остариме.Без нив, не би биле среќни, храбри, насмеани.  Да бидеме благодарни што постојат.