Животот почнува кога исчезнува стравот...

Страв

Се вели дека пред влезот во морето
реката трепери од страв.

Се врти кон патот од каде што дошла,
од врвовите на планината,
долг виулест пат преку кој минувала низ шуми и села. 

А пред себе,
Таа го гледа океанот, толку голем,
па ако влезе, изгледа како да
нема ништо повеќе освен засекогаш да исчезне. 

Но, нема друг начин.
Реката не може да се врати. 

Никој не може да се врати.
Враќањето е невозможно. 

Реката треба да го преземе ризикот
со влегување во океанот
затоа што само тогаш исчезнува стравот,
затоа што само тогаш реката знае
дека нема да исчезне во океанот,
туку таа ќе стане океан. 

Калил Џибран