Животот оди понатаму и уживај во она што го имаш и можеш да го правиш

Кога сме во ситуација во која не можеме да направиме ништо што би ни помогнало или сме немоќни да помогнеме на блиска личност која е болна, без оглед на тоа колкава желба имаме, кога ќе нe’ напушти драга личност, дури тогаш сфаќаме колку животот бил добар и колку сме го комплицирале со непотребно тагување и наоѓање замерки за ситници. Кога ќе не’ предадат пријателите, тогаш сфаќаме колку сме се давале себеси занемарувајќи ги сопствените потреби. 

Вистинскиот живот почнува дури по соочување со некоја слична ситуација. Луѓето не сфаќаат дека животот би требало да го цениме многу повеќе додека тој не ги земе работите во свои раце и не ни го покаже тоа на потешкиот начин, вели психологот Михаил Лабковски. 

По правило, човек дури откако ќе се сретне со голема тага ја сфаќа суштината на животот, а таа е дека во животот треба да се има повисока цел и да се искористи секој ден на најдобриот можен начин. 

По стресни ситуации е тешко да се продолжи понатаму, но тоа е единствената насока во која морате да се движите, затоа што сте стекнале нова животна мудрост. Животот не дава никакви гаранции и никогаш не знаеме што ни подготвува, но важно е да се има повисока цел и да чекорите напред со сигурни чекори.

Ништо не влегува случајно во нашиот живот. Сите се среќаваме со одредена смисла и сето она што ни се случило морало да се случи така и никако поинаку. Дури и најмалите детали се случуваат баш онака како што треба да се случат, такашто можеме да ја научиме лекцијата и да продолжиме понатаму.

Она што е важно е свесно да се движиме низ животот и да го живееме во целост. Прифаќањето ни ја чува енергијата и ни подарува внатрешни мир.

Животот оди понатаму и уживај во она што го имаш и можеш да го правиш!