Животот оди понатаму и ужива во она што го имаш и во она што можеш

Кога судбината ќе го стави човекот во незавидна положба, кога сè ќе тргне надолу, и кога ќе почнат да се нижат само лоши работи, во тој момент сфаќа колку малку го ценел она што дотогаш го имал. 

Кога сме во ситуација во која не можеме да направиме ништо што би ни помогнало или сме немоќни да помогнеме да блиска личност, без оглед на тоа колку сакаме, кога ќе нè напуштат саканите, дури тогаш сфаќаме колку бил добар животот и колку сме го комплицирале со непотребно тагување и наоѓање замерки за секоја ситница. Кога пријателите ќе нè предадат, тогаш сфаќаме колку сме се вложувале за другите личности занемарувајќи ги сопствените потреби. 

Вистинскиот живот почнува дури откако ќе се соочиме со некоја слична ситуација. Психологот Михаил Лабковски, вели дека луѓето не сфаќаат дека треба многу повеќе да го цениме животот, сè додека животот не ги земе работите во свои раце и не ни го покаже тоа на потешкиот начин. По правило, дури кога ќе се соочи со голема тага, човек ја сфаќа суштината на животот, а тоа е дека во него треба да има повисока цел, да ужива и да го искористи секој ден на најдобар можен начин.

Тешко е да се продолжи понатаму по стресни ситуации, но тоа е единствената насока по која треба да тргнете, затоа што сте стекнале нова животна мудрост. Животот не дава никакви гаранции и никогаш не знаеме што ни подготвува, но важно е да се има повисока цел и со сигурни чекори да се чекори напред. 

Ништо не доаѓа случајно во животот. Сите се среќаваме со одредена цел и ништо не можело да се случи на поинаков начин. Дури и најмалите детали се случуваат онака како што треба да се случат, така можеме да ја научиме лекцијата и да продолжиме понатаму. Она што е важно е свесно да се минува низ животот и да се живее во целост. Прифаќањето ни чува голема количина енергија и ни подарува внатрешен мир. 

Животот оди понатаму и ужива во она што имаш и во она што можеш!