Животот не треба да се планира, треба да се живее!

Луѓето се многу интересни суштества. Постојано некаде брзаме, трчаме, бараме уште, ненаситни сме. Никогаш не сме задоволни со она што го имаме, кога ќе го добиеме тоа што го сакаме, не уживаме во тоа, туку веднаш планираме што е следно.

А од друга страна велиме дека сакаме да бидеме среќни.

Во ред, супер цел, но како ќе ја постигнеме таа цел ако постојано трчаме по нешто?

Среќата не е некаква магична и егзотична дестинација до која треба да стигнеме.

Среќата е нешто што ни се случува додека сме презафатени трчајќи по нешто што мислиме дека ќе ни донесе среќа.

И колку често ви се случило да се навратите на минатото и да сфатите колку сте биле среќни, само речиси и воопшто не сте го забележувале тоа?

Да, плановите и соништата се прекрасна работа, тоа е дел од она што нѐ прави луѓе и нѐ мотивира. Но, ако животот се сведе само на планирање и на слепо следење планови, без притоа да се застане и да се ужива во моментот, никогаш нема да ја достигнеме толку посакуваната среќа.

Понекогаш доволно е само да седнете, длабоко да дишете и да го цените моментот во кој се наоѓате. Оставете ги за момент плановите за утре, следната недела, следната година.

Дишете сега. Живејте сега.

Искористете го секој момент за да почувствувате среќа и да ја почувствувате сегашноста.

Овие моменти никогаш нема да се вратат, спомените се создаваат баш сега, во овој момент.

Наместо да го трошите животот во планирање, поминете го во создавање и живеење.

Зарем сакате на 80 години да погледнете назад и да сфатите дека најубави спомени ви се оние кога сте седеле пред лап-топ и сте планирале што ќе правите или сакате со насмевката да се сеќавате на моментите кога сте создавале и правеле нешто?

Мислам дека одговорот е јасен.