Животот не се состои од тоа да чекаш да помине бурата, туку да научиш да танцуваш на дожд

Осум грешки кои треба да ги избегнувате ако сакате среќа во вашиот живот

  1. Да мислите дека сте ја пропуштиле своја шанса! Вашиот живот е ваш живот, со сите подеми и падови, и се обликуваш за ваше поголемо добро. Вашиот живот е токму она што треба да биде. Немојте да мислите дека сте изгубиле време. Секоја ситуација во која сте биле ве довела до сегашниот момент. И секој момент од вашиот живот, вклучувајќи го и овој сега, е нов почеток. Ако имате храброст да признаете кога се плашите, способност да се смеете дури и кога плачите, одважност да зборувате дури и кога гласот ви трепери, самодоверба да побарате помош кога ви е потребна и мудрост да ја примите кога ќе ви биде понудена, тогаш имате сè што ви е потребно да за се одвете себеси на подобро место.

  2. Користење на неуспешните врски како изговор. Животот не ви носи секогаш луѓе кои САКАТЕ да ги запознаете. Понекогаш животот ве запознава со луѓе кои е ПОТРЕБНО да ги запознаете, за да ви помогнат, да ве повредат, да ве остават, да ве сакаат и да ве направат посилни и да станете личноста која треба да бидете.

  3. Се менувате себеси за да ги задоволите другите. Без оглед на тоа колку се гласни нивните мислења, другите не можат да бираат кои сте вие како личност. Прашањето не треба да биде: „Зошто не им се допаѓам вака како што сум?“ туку: „Зошто губам време да се грижам за тоа што мислат за мене?“ Ако не повредувате никого со вашите дела, продолжете да се движите напред. Бидете среќни. Бидете свои. Ако на другите не им се допаѓа тоа, нека биде така. Целта на животот не е да се задоволат сите.

  4. Дружење со негативни луѓе и негативно размислување. Време е да се тргнете од сите драми и луѓето кои ги создаваат. Опкружете се со луѓе кои ви носат насмевка и кои добро се однесуваат кон вас. Заборавете на негативното и фокусирајте се на позитивното. Животот е прекраток да бидете несреќни. Грешките и падовите се дел од животот, но станувањето после падот и продолжувањето напред е она од што се состои животот.

  5. Постојано трошење на енергија фокусирајќи се на друго време и место. Овој ден нема никогаш да се повтори. Уживајте во него. Ценете го своето време. Често е тешко да се процени вистинската вредност на еден момент додека не стане спомен. Еден ден можеби ќе откриете дека малите работи биле големи работи. Затоа научете да го цените она што го имате пред времето да ве присили да го цените она што некогаш сте го имале. 

  6. Насочување на вниманието на она што го немате, наместо на она што го имате. Многу луѓе се лажат себеси и другите, затоа што повеќе се фокусираат на она што им недостига, наместо на она што го имаат. Наместо да мислите на она што го немате, мислете на она што гимате, а на другите им недостига.

  7. Размислувате за работите кои не можете да ги промените. Ако не падневте, немаше да бидете во состојба повторно да станете. Ако не ја изгубевте надежта, немаше да ја пронајдете вашата верба. Најдоброто обично се случува после најлошото. Без оглед на работите, животот си продолжува да тече, со или без вас. Затоа учете од минатото и помрднете се еднаш од него. 

  8. Постојано жртвување на сопствената среќа за другите. Никогаш не дозволувајте да умре вашата среќа затоа што цело време сте трчале да ја остварите туѓата среќа. Животот значи искреност и споделување на својата среќа со другите.