Животот не е трка!

Живееме во време кога постојано трчаме. Од нас се очекува да бидеме најдобри во се. Експерти за се. Од нас се очекува постојано да победуваме. Насекаде околу нас ги добиваме пораките: Успевај! Постигнувај, постигнувај, постигнувај! Победувај! Не биди губитник! Биди цврст!

Добрата работа е што можеме да избереме да се симнеме од тоа тркало кога и да сакаме.

Можеме да избереме да успориме, да престанеме да се пренатрупуваме себеси (и децата) со обврски, да престанеме да работиме за време на викенд. Можеме да избереме да седнеме, да се напиеме чај и да не правиме ништо друго. Можеме да избереме да ги исклучиме нашите телефони и да ги пуштиме нашите умови слободно да уживаат.

Можеме да избереме да ја напуштиме работата која ја мразиме и врската која емотивно не уништува и да избереме да го следиме она за коешто имаме страст.

Можеме да избереме. И тој избор е привилегија.

Не е лесно и не доаѓа по автоматизам, но носењето на одлука и избирањето да водиме побавен, позначаен, потопол живот кој ќе има повеќе суштина може да има влијание врз нас уште денес  и тоа на најпрекрасни начини.

Вашиот живот не е трка, но е патување. Патот е целта. Не постои „таму“. Се постои тука и сега и не постои ништо друго.

Затоа престанете да  скролате, да барате, да критикувате, да се грижите. Престанете да живеете исклучиво во минатото и иднината.

Земете здив. Вдишете длабоко. Вие сте тука. Вие сте присутни. Едноставно седнете, станете, прошетајте, слушнете, погледнете... и наскоро ќе видите.