Животот не чека на нас, за да бидеме подготвени

Имам пријател кој неодамна сретна една девојка која му се допаѓаше. Тие комуницираа одредено време додека таа не му кажа дека не е подготвена за врска во моментов. Во меѓувреме, тој се заљуби во друга девојка. Кога првата девојка се врати барајќи уште една шанса, тој и кажа дека веќе продолжил со својот живот, дека има нова љубов до себе.

Колку пати сме слушнале ваква приказна?

Сите сакаме да сме попаметни, посмешни, послаби или поквалификувани. Но, животот не се грижи за тоа. Времето минува и не нѐ прашува какви сакаме да бидеме. Тој само ни дава можност да бидеме такви какви што сакаме да бидеме, а во меѓувреме минува, земајќи ги тие шанси мошне брзо откако ни се дадени. Но, ние сакаме да бидеме подготвени. Постојано зборуваме дека не сме подготвени, дека ни треба време. Се плашиме да направиме чекор напред.

Големи чекори во животот, промените – тие никогаш не чекаат да бидеме подготвени. Личноста со која сакате да бидете во врска. Работата која сакате да ја добиете. Дипломските или постдипломските студии во странство. Ништо од тоа не чека да ја донесеме одлуката и да бидеме подготвени. Бидејќи, на крајот на краиштата и никогаш не сме.

Слаби сме, а потоа стануваме силни. Стануваме способни преку обидите што ги правиме. Стануваме подготвени откако сме неподготвени. Целта не е да добиеме сѐ одеднаш. Целта е да се обидуваме. Целта е да се впуштиме во танцот на непознатото и да покажеме дека сме вредни за тоа што го сакаме. Да живееме во хаосот додека не почнеме да уживаме, добивајќи го тоа што го сакаме.

На крајот на денот, никогаш не сме 100 % подготвени. Ниту за работата од нашите соништа, ниту пак за работата која можеби не ја сакаме. Не сме подготвени да го поминеме остатокот од животот со личноста која ја сакаме, ниту пак сме подготвени да бидеме во врска за која не го знаеме исходот.  Животот е едно големо непознато поле и само треба да одлучиме каде сакаме да постигнеме успех и да дадеме сѐ од себе.

Ниту еден ризик не е едноставен. Ќе доживееме пораз и ќе бидеме критикувани, без оглед на исходот. Зошто не ги избереме оние работи кои ги сакаме? Зошто не ги дадеме своите срце и душа во нешто што нѐ инспирира и што може да нѐ направи многу среќни?

Не мораме да бидеме подготвени за ништо што доаѓа во животот. Само треба да ги изодиме првите чекори – спремни или не.

cheap nike air max 90