Животот ќе ти го врати сето она што си му го дал нему, затоа дај го најдоброто

Еден татко и неговиот млад син се качувале по една висока планина. Одеднаш синот паднал, се повредил и почнал гласно да вика.

ААааааахххх!

На негово огромно изненадување, својот вресок го слушал како ехо во планината, како друга личност да е исто така повредена и да го извикува истото. Љубопитен, тој викнал: Кој си ти?

Потоа го слушнал истото: Кој си ти?!

Повторно викнал кој планината гласно: Ти се восхитувам!

Гласот го одговорил истото: Ти се восхитувам!!

Налутен, тој почнал да вика гласно: Кукавица! Го слушнал истото од другата страна на планината: Кукавица!

Погледнал кон таткото и го прашал: Татко, што се случува? Што е ова?

Таткото се насмевнал и тивко рекол: Сине мој, обрни внимание. Човекот извикал: Ти си шампион!

Гласот одговорил: Ти си шампион.

Момчето се изненадило, но сѐ уште не разбирало ништо.

Тогаш таткото објаснил: Луѓето ова го нарекуваат ехо, но всушност ова е самиот живот. Тој ти враќа назад сѐ што ќе кажеш и направиш. Нашиот живот е одраз на тоа што правиме. Ако сакаш повеќе љубов во животот, создади повеќе љубов во своето срце. Ако сакаш повеќе способност во својот тим, подобри ја својата способност.

Оваа поврзаност се однесува на сѐ, на сите нешта во животот.

Животот ќе ти го врати сето она што си му го дал нему, затоа дај го најдоброто.