Животот е за да се живее со полни гради: Принципи кои ќе ве променат од корен

Наместо постојано да пливаме и да се бориме против брановоите, зошто да не застанеме и да не дозволиме животот да нѐ научи нешто? 

Во природата на човекот е постојано да го контролира животот и сите случувања во него наместо да остави некои работи да си одат по својот природен тек. Некои ситуации и случувања се неизбежни, а обидите да им се спротиставиме само дополнително нѐ исцрпуваат. Понекогаш животот има подобар план за нас од оној кој самите сме го скроиле. Сосема е во ред да ги оставиме работите да се движат по својот природен тек. 

Кога ќе почнат да ни се случуваат работи кои се во спротивност на нашите планови, почнува борбата и почнуваат нервозите. Најчесто се обидуваме да најдеме вина во другите, затоа што не сме подготвени да ги прифатиме новите околности. 

Сите имаме некакви очекувања, но сите очекувања не се остваруваат. Поради тоа почнуваме да размислуваме негативно, а често стануваме и очајни поради тоа. 

Животот никогаш нема да биде совршен, но мора да се помирите со тоа

Без оглед на тоа колкава ни е желбата за контрола врз секој аспект од животот, тоа никогаш нема да ни појде од рака. Она што можеме да го направиме е да ги прифатиме новонастанатите околности. Кога сѐ ќе тргне наопаку, ја обвинуваме судбината и се сметаме за жртви кои не заслужуваат такви работи, наместо да ја погледнеме судбината директно во лице и да се обидеме да извлечеме максимум од сѐ што ни се случува. 

Животот знае да биде тежок, а станува уште потежок кога не можеме да извлечеме барем една позитивна работа и во моментите кои не се баш најпозитивни. Животот се состои од добри и лоши моменти кои се менуваат, а сѐ се случува со причина. Добрите се тука за да уживаме во нив, а лошите моменти постојат за да учиме од нив. Сѐ зависи од нашиот став и поглед кон животот. Кога ќе сфатиме дека наспроти сите неприлики мораме да останеме силни, тогаш сѐ се менува. 

Запомнете дека ништо не трае вечно. Ако е добро – ќе пројде, ако е лошо – и тоа ќе пројде. Уживајте во секој момент и извлечете го максимумот. 

Фактот дека не сме успеале овојпат да стигнеме до целта не значи дека никогаш нема да стигнеме. Никогаш не смееме да се откажеме пред првата препрека. Можеби животот има подобар план и нѐ насочува во вистинската насока за да оствариме нешто поголемо и подобро. 

Иако можеби мислите дека моментално целиот свет ви се распаѓа, тоа води кон некои подобри и посветли дестинации.