Животот е вистинско чудо, но секој од нас го доживува на свој начин. Не постои упатство како правилно да живееме, но постојат убави зборови кои ќе ни помогнат да живееме посреќно.
Животот е сон за мудрите, игра за будалите, комедија за богатите и трагедија за сиромашните. – Шолем Алехем
Многу е потешко да си судите себеси отколку на другите. Ако успеете правилно да си судите себеси, вие сте вистински мудрец. – Антоан де Сант Егзипери
Не се сеќаваме на деновите, се сеќаваме на миговите. – Чезаре Павезе
На крајот, не се годините тоа што се брои во животот, туку животот во годините. – Абрахам Линколн
Животот е тоа што ти се случува додека правиш планови за животот. – Џон Ленон
Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш вечно. – Махатма Ганди
Животот не е проблем кој треба да се реши, туку стварност која треба да се доживее. – Серен Кјеркегор
Човекот може да каже дека животот не му е промашен ако барем една работа ја прави подобро од другите. – Момо Капор
Што не боли, не е живот. Што не минува, тоа не е среќа. – Иво Андриќ