Животот е прекраток за да ги уверувате луѓето колку вредите

Утре, штом се разбудите направете го ова.

Прашајте се каде ја давате својата љубов и енергија? Дали тие луѓе го заслужуваат тоа? Престанете да одите со глава во ѕид. Ослободете се од луѓето и ситуациите кои не ве заслужуваат.

Секоја личност има свој пат, можеби вие не треба да бидете дел од нивниот. Животот е прекраток за да ги уверувате луѓето колку вредите. Сакајте се себеси доволно за да можете да заминете од секоја ситуација и личност која не ви носи ништо добро.

Знајте дека секогаш имате избор.

И тогаш кога не можете да го видите излезот, и кога мислите дека ќе останете сами, без никој на светот, секогаш имате избор. Вашето место не е покрај оние кои не го ценат вашето присуство. Тие не ве заслужуваат.

Бидете покрај луѓе кои ве сакаат, кои ве ценат и кои се смејат со вас. Кои ве гледаат како дар на светот. Само на тој начин, можете да живеете живот со значење и со цел, кој ве прави среќни. Сѐ друго ќе ви донесе болка и фрустрација.

Вие сте дар на светот. Немојте да мислите дека не заслужувате љубов и среќа, само затоа што сте покрај некој кој не знае да ви ја даде.