Животот е прекраток, не трошете го времето на оние кои ве збунуваат

Не го трошете времето на оние луѓе кои прават да се чувствувате посебно еден ден, а потоа безвредно следниот ден. Заминете си од оние кои мислат дека можат да ве сакаат еден ден, а потоа да заборават на вас.

Не ни помислувајте на оние на кои сте им повремена играчка, само кога им е здодевно.

Заминете си од оние кои не знаат што сакаат, особено кога станува збор за вас.

Не си го трошете времето на оние кои ви пишуваат само кога тоа им одговара. Не давајте место во својот живот за оние кои не ја гледаат вашата вредност.

Заминете од оние на кои не сте им важни и кои ви го покажуваат тоа секој ден, а се преправате дека не го гледате. Не ви се потребни во вашиот живот.

Не губете време на луѓе кои бараат помош и поддршка, а кои не ги интересираат вашите соништа и проблеми. Кои сакаат само да ги слушате, а не сакаат да ве послушаат што имате да им кажете. Заминете си од оние кои ве збунуваат и прават да не знаете на што сте и како се чувствуваат.

Животот е доволно тежок и во него не ви се потребни вакви луѓе. Тие не ја гледаат вашата вредност и никогаш нема да ја видат, не се залажувајте.

Заслужувате луѓе кои ве слушаат, кои покажуваат интерес за вас и кои знаат точно дека ве сакаат во својот живот, постојано. Не само тогаш кога им одговара.