Животот е многу краток, бидете добри кон себе и другите

Како што победуваме и губиме низ животот, паѓаме и стануваме, мораме да бидеме добри. Такви бевме како деца, но со растењето и созревањето, како да забораваме на тоа. Стануваме нервозни, бесни, нашите срца се стврднуваат, се отуѓуваме од другите. Едно по друго доаѓаат разочарувањата во животот и решаваме да станеме покрути и полоши.

Добрите луѓе се тоа што му е потребно на овој свет. Потребна е емпатија, добри емоции, љубезност. Во овој свет постои многу тага, страдање и бес, потребна е добрина повеќе од било кога. 

Да се биде добар значи да не се дозволи светот да не смени. Тоа значи да се биде добар и храбар и по секој тежок пораз и да се отвори срцето повторно и повторно. Тоа значи дека решаваме да бидеме добри и покрај се што сме преживеале. 

На сите нас ни е потребна таква личност, а највеќе сме си потребни себеси. 

Луѓето имаат огромен капацитет да даваат и помагаат, но само повторно треба да го најдат во себе. Да се биде добар значи да се грижиш за себе и за другите, да си помагаш себе и на другите, да си помагаш и помагаш на другите во тешки моменти. Да разбираш, прифатиш  и да бидеш толерантен.