Животни лекции кои можеме да ги научиме од аикидото

Уметноста на аикидото содржи многу лекции кои можеме да ги примениме во секојдневни ситуации, особено оние кои вклучуваат предизвици поврзани со комуникацијата со другите луѓе. Аикидото е осмислено од Морихеи Уесхиба во 1920 година, кога настанала потребата за самодобрана од напаѓачите.

Оваа боречка вештина од една страна е ефективна и силна како каратето и џудото, а од друга страна е ненасилна вештина која носи хармонија и мир и помага да се отстранат конфликтите.

Ова се неколку практични лекции од аикидото кои можеме да ги примениме во животот.

Бидете овде и тука

Доколку вистински слушате, ангажирани сте и ги забележувате работите, тогаш сте целосно присутни во сегашноста. Насочете го своето внимание, бидејќи тука лежи потребната енергија за квалитетно насочување на ситуацијата. Секој го заслужува вашето внимание.

Физичката појава не е важна

Во аикидото не се работи за физичката сила. Добро обучената личност може да биде неутрализирана од физички послаб противник. Не треба да се чувствувате престрашено ако другата личност изгледа застрашувачки. Не треба да дадете до знаење и дека се плашите. Битно е да сте добро обучени, подготвени и внимателно да слушате со своите уши, но и со целото тело.

Тежнејте кон хармонија

Тоа е животна енергија која тече во апсолутно сите нешта на светот. Аикидото не учи да бидеме во хармонија со сите нешта околу нас, и да ја употребиме таквата животна енергија, на која не можеме да и се противиме. Во аикидото, силата и енергијата не лежат во физичкото тело кое и онака е ограничено, туку во силата на животната енергија која е неограничена.

Не заземајте одбрамбен став

Доколку другата страна е непријателски настроена или агресивна, не реагирајте на истиот начин. Кога ќе дозволите стресната ситуација и вашиот одбрамбен став да се претворат во чувство на иритација, страв, немир или лутење, вашето размислување станува замаглено и вашите реакции можат да станат импулсивни. Не е важно дали ќе победите или изгубите. Задржете ја смиреноста и фокусираноста.