Животен хороскоп: Скорпија

Иако Скорпијата е женски воден знак, сепак најприфатлив термин за Скорпиите е „течниот оган“. Тие имаат неверојатна продорност на својот поглед.

Родените во овој знак се многу издржливи личности кои имаат понекогаш и чудни нагони за опстанок и борба за живот. Принципиелноста на нивните ставови е најважната одлика на овој знак. Тие изгледаат срамежливи и молчаливи, но тоа е само привидно бидејќи во нив се крие бесконечен број на идеи и планови. Скорпиите во текот на животот често тврдат никој не ги разбира, но тие и воопшто не го сакаат тоа, бидејќи доволно се познаваат себеси и не примаат никакви совети.

Во текот на животот, многу забележлив е индивидуализмот ана овие луѓе, но и нивната постојана борбена готовност. Често, тие се преценуваат себеси и своите можности, но тоа го надополнуваат со неверојатната упорност. Се случува често да очајуваат бидејќи нивните планови не се исполнуваат, но тогаш не се жалат и не бараат помош од никого.  Сите сакат да ги убедат во својата несреќа. Знаат дека сите нешта околу нив се лажни, со лажен сјај и против тоа се борат во текот на целиот живот.

Скорпиите се одлични организатори и шефови. Нивните квалитети се поврзани со постојаноста и силната волја, а мааните им се твроглавоста, суровоста и љубомората. Пред да се впуштат во работниот свет, тие треба да научат да прифаќаат критики, така лесно како што им ги даваат на другите. Скорпиите можеби и никогаш нема да научат да го ценат туѓото мислење. Ако успеат во тоа, тогаш може да ги очекува голем успех.

Подложни се на епидемии и болести со крвта и крвните садови.

Нивната боја е црвена.

Што го очекува останатите знаци во хороскоп? Прочитајте тука.