Животен хороскоп: Овен

Марс владее со овој машки огнен знак. Покрај тоа, видливо е и влијанието на Сонцето, и малку послабото влијание на Јупитер.

Луѓето родени во овој знаксе полни со живот и животна сила. Тие се одлучни и без било какво размислување се движат кон целта. Многу се самостојни и упорни. Рано почнуваат да се пробиваат во животот и притоа не прифаќаат никаква помош. Со силна волја и огромна сила бестрашно се пробиваат низ животот. Овните никогаш не сакаат да бидат во подреден однос, тоа никогаш не им одговара. Напротив, тие сакаат да сносат полна одговорност за сите свои постапки кои гордо и достоинствено ги бранат пред другите. Повеќе би одбрале да пропаѓаат отколку да отстапуваат од своите идеи. Тие се изразени лидери, импулсивни, бестрашни, храбри и одлучни, кои највеќе од сѐ ја ценат слободата.

Во својот живот, тие ги ценат редот и дисциплоната, но самите не се придржуваат кон тоа. Склони се кон неверство и расипништво, но знаат да бидат чесни кога тоа им носи корист. Понекогаш знаат силно да избувнат и тогаш на луѓето им кажуваат сѐ во лице, но секогаш ги оправдуваат своите постапки.

Најголеми квалитети на овие луѓе се ентузијазмот и храброста, а како нивни недостатоци се истакнуваат недоследноста, желбата за власт и фанатизмот. По природа се амбициозни, а акцијата им е единственото мерило за вредноста. Тие не знаат за препреки и во состојба се да ги совладаат на време и да станат бесни и дрски. Воопшто не бараат да им се допаднат на луѓето, туку се наметнуваат.

Луѓето родени во овој знак во текот на животот најчесто се кавгаџии, склони кон љубомора и други непромислености. Поради тоа, имаат многу компликации во животот. Иако имаат развиена моќ на запазување и расудување, тоа многу не им користи, туку делуваат според вродена импулсивност. Имаат големи предиспозиции, за спорт и ја сакаат природата. Волјата за работа и животна сила кај нив се беспрекорни, но бидејќи живеат во постојана напнатост, често се разболуваат.

Родените во овој знак уживаат во патувањата и секогаш тежнеат кон промени, како на работа, така и во љубовта. Бидејќи имаат извонредни способности, ним секогаш им престои силна иднина. Храброста и енергијата им помагаат да ја скријат својата нетрпеливост и неконтролирана одушевеност. Тие најдобро се снаоѓаат во дејности каде од нив се бара да управуваат со другите. Особено можат да бидат успешни во воени и политички работи. Нивните карактеристики не дозволуваат да ги завршуваат работите само половично. Овните ја преземаат лидерската улога во секоја работа и тогаш работат без ниедна опомена од другите. Но, сепак во такви ситуации мораат да ја контролираат својата природа, бидејќи нивната експлозивност не може да се помири работите да не одат како што тие замислиле.

Имаат проблеми со треска и наклонети се кон лудило.

Среќни броеви им се 1,2 и 8, а среќни денови : вторник, петок и понеделник.

Тука проверете што ги очекува останатите хороскопски знаци во животот.