Живот на скеле - чекор до смртта

Работниците кои ги распаруваат облаците работејќи на високите објекти и кои ги овозможуваат грандиозните чуда на модерната архитектура ризикувајќи го својот живот, не се коцкаат со судбината без ас во ракавот - заштитната опрема.

Без неа, секој ден е нов предизвик, а во умот на градежниот работник, патот од дома до објектот изгледа како галоп кон нова борба, а самото висење на десеткатниците е како стоење на работ на бездна. Точка на која единствен пријател на чија верност се надеваат градежниците е сопствената стабилност.

Кога се работи на објект, секој од работниците има различна улога. Како објектот се издигнува така се зголемува ризикот за работниците на скеле, кои се се поблиску до сината прекривка. Сепак, ризикот демне и над главите на работниците кои работат на пониските нивоа на објектот, како и над оние кои мешаат малтер или стругаат метал. 

Од Државниот инспекторат за труд информираат дека ги едуцираат работниците за нивните права, а доколку увидат дека немаат заштитна опрема, му даваат рок на работодавачот да ги опреми. Доколку не го стори тоа, инспекторот поднесува прекршочна пријава до надлежен суд.