Поранешниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, преку социјалните мрежи се обрати до јавноста по завршувањето на својот 12-годишен мандат, изразувајќи благодарност до сите што го поддржувале во текот на годините.
„Црвено-жолтиот дрес е чест и привилегија, но носи и огромна одговорност. ФАЛА – пред сè, на семејството што беше до мене на овој долг пат“, напиша Мукаетов во својата објава.
Тој посебно ја истакна поддршката од ракометните работници и македонската јавност, подвлекувајќи дека ракометот останува национална гордост и дека во него нема место за импровизации, туку само за најдоброто.
Мукаетов најави дека неговата посветеност на македонскиот ракомет продолжува преку РК Алкалоид, со јасна порака: „За кого?? – За Македонија!!!“
На местото на Мукаетов, нов претседател на Ракометната Федерација на Македонија е избран Александар Стефанов, кој ја презема функцијата и ќе го води македонскиот ракомет во следниот период.