Живејте ја својата вистина, тоа е најдоброто нешто кое можете да го направите за себе

Во последно време, постојано слушаме како луѓето се уморни, се мачат со главоболки, замор, голем стрес. Си велиме до времето е, до денот, до неделата. Но, тоа што не го знаеме често е дека нема ништо потешко од тоа да живееме живот за другите.

Се соочуваме со огромен стрес, обидувајќи се да ги исполниме туѓите очекувања – да имаме добра работа која добро да се плаќа, да имаме добар стан, но и автомобил, да одиме на летување и зимовање, да не бидеме сами. Иако сето тоа е убаво да го имаме и за себе, сепак често ќе признаеме дека многу од овие работи ги правиме за другите. 

Зошто не сме поискрени кон себеси? Можеби така би ни било многу полесно.

Ние самите го знаеме најдоброто нешто за себе, самите ја знаеме својата вистина, зошто толку многу ги слушаме другите луѓе?

Голема катастрофа е да живееме живот кој не го сакаме, само поради тоа што немаме храброст да живееме по свое. Ние самите знаеме што е најдоброто за нас. Самите знаеме што ни носи среќа, што ни носи солзи на очите и што ни ја зоврива крвта.

Да живееме по свое. Да ја најдеме својата вистина. Тоа е најдоброто нешто што можеме да го направиме за себе.