Живееме подолго, но менталното здравје е загрижувачко

Европските граѓани живеат подолго, но порастот на животниот век забавил од 2010, покажува една студија направена од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) со поддршка на Европската комисија.

Извештајот за здравствената состојбата во ЕУ се ажурира на секои две години, а се забележува и јаз помеѓу богатите и сиромашните во менталното и физичкото здравје, области во кои е потребно подобрување.

Студијата прави паралела на медицински податоци во земјите на ЕУ, како и Норвешка, Швајцарија, Исланд и Турција.

Во просек, европскиот граѓанин живее до 81-годишна возраст. Најдолг животен век е забележан во Швајцарија (83,7 години), Шпанија (83,5) и Италија (83,4). Најнизок животен век е забележан во Источна Европа, односно под 75 години, и тоа во бугарија, Летонија и Литванија.

Жените во ЕУ имаат повисок просечен животен век, односно 83,6 години, додека, пак, кај мажите просекот изнесува 78,2 години.

Овој јаз меѓу двата пола е намален од почетокот на ова столетие, кога мажите забележале брз пораст во животниот век.

Посебно голема разлика се забележува во Летонија и Литванија, каде што жените генерално живеат околу 10 години повеќе од мажите.

Авторите на извештајот велат дека родовите разлики во Европа делумно се должат на изложувањето на ризици меѓу межите, односно порастот во пушење, прекумерна консумација на алкохол и помалку здрава исхрана. Сите овие фактори доведуваат до повисока стапка на смртност од срцеви болести, разни видови рак и слични болести.