Живеат на Водно, а дишат загаден воздух - граѓаните се жалат дека некој ги труе

Живеат на падините на Водно а дишат загаден воздух. Граѓаните од Козле и Жданец се жалат дека некој ги труе. Лошата миризба ја чувствуваат веќе некоклку дена  особено во доцните часови.  Се сомневаат дека некој пали смет од гуми и пластика во околината.  

Карпошани како и останатите граѓани на Скопје дишат загаден воздух и во лето. Количеството на ПМ 10 честички во воздухот го надминува дозволениот праг. Од општина Карпош не одговорија дали имаат сознанија кој е загадувачот во овие населени места.

– И покрај ваквата забраната жителите велат  несовесни граѓани фрлаат отпад во падините на Водно, но сепак незнаат од каде точно доаѓа лошата миризба за која надлежните велат дека имаат некакви  сознанија, но не откриваат што се презема.

 Министерството и Град Скопје во рамките на своите надлежности веќе направиле увид за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и како што рече, имаат некои сознанија кои ќе бидат обелоденети.

Макрадули тврди дека континуирано загадување нема во Карпош, но и Гази Баба каде мерачот веќе неколку дена не работи, а граѓаните споделуваа видеа од голем  чад кој се шири од Железара.

- Една мерна станица во Македонија, согласно европските стандарди, покрива површина од четири километри квадртни каде чувствува емисии на нешто. Доколку има перманентно загадување, а не нешто што се случува инцидентно, невозможно е и покрај неработењето на ПМ 10 инструментот во Гази Баба тоа да не биде детектирано од мерните станици во Бутел, Ректорат и Лисиче.

Државниот инсекторат за животна средина информира дека инспекторите не констатирале загадување по направениот увид во Гази баба. Последниот вонреден надзор бил направен на 20 август врз капацитетие кои работат во кругот на поранешна железара.