Живеалиштето за фламинго во зоолошка преминува во крајната фаза на градење

Живеалиштето за фламинга преминува во крајната фаза на градење и следува зазеленување на просторот и поставување реквизити.

Благодарност до Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов за финансиската поддршка во изградба на едно од најубавите живеалишта за фламинга во Европа, пишуваат на својот Фејзбук профил од зоолошката.

Чекор по чекор, поблиску до членство во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми).