
Вчера во 13.00 часот, среде бел ден на место викано „Вештачко eзеро“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го уапсиле Н.А.(40) од Прилеп.
Тој бил затекнат како на диво сечел дрва а дополнително полицијата му пронашла запрежна кола која била натоварена со дрва и моторна пила. Лицето во моментот давало отпор и ги попречувал полицајците да си ја вршат својата работа.
Пронајдените работи му биле одземени и предадени на Шумската полиција, а Н.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.