Жителите од улица 5 во Брњарци повеќе нема да газат во кал

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ја асфалтирале улица 5 во населеното место Брњарци.

- По долги години казење кал, жителите од улица 5 во Брњарци добиваат асфалтирана улица. Ќе спроведеме голема акција за асфалтирање на локални улици во рамки на која ќе асфалтираме голем број на локални улици, информира Стефковски.

Оваа година општина Гази Баба обезбедува над еден милион евра за асфалтирање на локални улици.