Жителите од селата да ги напуштат домовите - Силен пожар во еден македонски град

Штабот за заштита и спасување на општина Неготино издаде апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот.

„Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата: Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот“, се вели во соопштението.