Жителите од Рашче во понеделник без вода

Жителите од скопското село Рашче в понеделник, од 9 часот, ќе останат без вода за пиење.

Како што информира JП „Водовод и канализација“, прекинот е поради чистење и хлорирање на резервоарот Рашче.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.