Жителите од Автокоманда се жалат, улиците утрово се подмрзнати со снег, а тротоарите се небезбедни за движење

Втор ден општината Гази Баба не мрднува со прст за завеаните улици кои буквално ги парализираа жителите на повеќето населени места.

Граѓаните откако вчера се пожалија дека од страна на општината не се презема ништо, сликата е иста и 24 часа по наврнатиот снег.

Граѓаните од Автокоманда велат дека улиците утрово се подмрзнати, со снег, а тротоарите се небезбедни за движење на пешаците.

Граѓаните велат дека освен општината не презема ништо ниту градот Скопје бидејќи утрово повторно наврна снег, а главните булевари низ Гази Баба се под снег и не безбедни за сообраќај.