Жителите на Виниче повеќе нема да газат во кал

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше во населеното место Виниче, каде што се асфалтираат локалните улици.

-Попладнево бев во посета на населеното место Виниче каде се во тек градежни активности за асфалтирање на локални улици.

Големата градежна офанзива која е во тек во општина Гази Баба ќе донесе реализација на голем број на нови проекти во сите населени места во општина Гази Баба, информира Стефковски.